Лесно може да се дојде до сознанието дека Вашата порака на „WhatsApp“ е прочитана или доставена, но веројатно често Ве интересира и точното време кога е прочитана.
Фото: pixabay
За да го дознаете ова на „iPhone“ или „Android“ направете го следново:
- Отворете ја пораката која Ве интересира;
- Повлечете со прстот кон лево за да отворете информации за пораката;
- Тука може да го видите точното време кога е таа доставена и прочитана.
Како да го проверите ова на веб апликацијата?
Ништо полесно! Направете го следното:
- Отворете ја пораката која Ве интересира;
- Кликнете на стрелката во горниот десен агол на пораката;
- Кликнете на „Message info”.
После ова ќе може да го видите точното време кога
пораката е доставена и точното време кога е прочитана.