Постојат повеќе од 40 милиони резултати од пребарувањето на „Гугл“ за различни начини на давање отказ од работа, што покажува дека луѓето се грижат за тоа како ќе се справат со оваа пресвртна точка.
Секогаш постои учтив начин, креативен начин, лош начин итн. Оваа посветена наставничка од средното училиштe „Индијан Вудс“ поминала повеќе од 20 години како наставничка. Сепак, таа му ставила крај на работното место во текот на драматичен говор што одел во живо.
- Предавањето е како лош брак, никогаш не ви се исполнети потребите, но останувате во него заради децата - му рече Аманда Кофман на одборот за образование.
Во текот на говорот таа стана многу емотивна.
- Децата и јас заслужуваме подобро. Тоа што му зборувам на одборот на администратори во оваа зграда е залудно, така што не сакам да си ги трошам зборовите. Само затоа што вие можете да прифатите помалку за себе, не значи дека така треба. Непочитувањето на наставниците од страна на членови на одборот е исто што и булингот - рече таа.
- Не грижете се за мене, јас сум високообразована и многу талентирана наставничка. Овој вид наставници се дефицит во другите oкрузи. Нема да има прашања. Повеќе не ви одговарам вас - заврши таа.
Причината поради нејзината оставка е нов тригодишен договор што го донел училишниот одбор за кој таа смета дека е начин да ја замолчат.
Извор:
Bored Panda
Фото: Printscreen/Youtube