X
 14.06.2024 Живот

IQ Up панел за иновациите и предизвиците во образованието на децата: „Науката пренесена во форма на приказна е клуч во учењето“

Д-р Тамара Ќупева од Институтот за македонска литература, професорот д-р Кирил Барбареев од Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип и Валентина Динова, косопственик на IQ Up платформата за учење, ќе бидат гости на панел-дискусијата што ќе се одржи на 15 јуни во хотел „Мериот“ како почетен дел од конференцијата на IQ Up! франшизери.

Панел-дискусијата ќе се одржи од 11:00 до 12:30 часот, а ќе може да се проследи во живо на порталите Факултети.мк и Деца.мк.

- Панелот е дел од годишната конференција на IQ Up франшизерите каде што се собрани сите франшизери во Македонија, а ќе дискутираме за идните планови, предизвици и стратегии за развој на франшизата и за имплементација на стандардите кои IQ Up ги има во однос на едукацијата што ја нуди. Панел-дискусијата е од отворен тип и со неа ќе ги промовираме вредностите на тоа што значи квалитетна едукација, кои се трендовите на иновативното, функционално образование, како родителите да препознаат што е добро образование, кои се потребите на децата во таа рана возраст на училиште што образованието треба да ги покрие и што значи СТЕАМ-едукација, мултидисциплинарен пристап на работење, каде што IQ Up излегува и ги решава проблемите и потребите кои децата ги имаат во текот на образованието, сите иновaтивни техники и методи што се користат во самата едукација и бенефитите што ги нуди самата едукација – објасни Валентина Динов, косопственик на IQ Up.

На панелот насловен „Иновации и предизвици во образованието на деца: Перспективи и решенија“ ќе се разговара за новите тенденции, предизвици и иновативни практики во детското образование.

- Учењето преку истражување, решавање проблеми, спознавање, експерименти, откривање итн., преку такви активности децата го градат своето знаење, спознаваат за идеите и концептите.
Како дел од креативниот процес, истражувањето и играта стануваат став кон животот. Тие ја вклучуваат способноста за справување со неизвесностa, истражувањето нови идеи, учат на проблемите да гледаат на различен начин, бараат нови избори и можности, креираат и eвалуираат. Целта е да се развива љубопитноста кај децата и да се поттикнуваат да го истражуваат светот околу себе. Многу креативни процеси во уметноста и бизнисот се основани на ставот дека истражувачките, експерименталните и игровните активности се клуч за учењето - вели професорот Кирил Барбареев најавувајќи квалитетна дискусија на оваа тема.

На дискусијата акцентот ќе биде ставен на мултидисциплинарниот пристап и улогата на науката и технологијата во подобрувањето на учебните програми.

- Не постои посигурен пристап кон образованието на децата од пренесување на науката во формат на приказна. Токму јазикот, избраните зборови ги отвораат хоризонтите на детската љубопитност, на потрагата по одговори за нивното место во светот. Науката пренесена како приказна ги развива мислата, имагинацијата, емоцијата, емпатијата – знаењето, воопшто. Тоа не се факти, тоа е умеење да се живее. Да се развијат функционални, социјални, дигитални и интелектуални вештини за живот. Здраво и среќно дете е дете кое мисли, прашува, анализира и (знае да) бара одговори. Ова се најважни принципи на детството. И тука не може да се погреши. Детето на новото време треба да биде подготвено да живее самоуверено, храбро и безбедно, меѓу сите предизвици на физичкиот, материјалниот и виртуелниот, технолошки развиен свет! А дали ќе ги победи тоа нив или тие него, зависи исклучиво од родителите и наставниците! И тука нема оправдувања! – потенцира д-р Тамара Ќупева во својата најава.

Mодератор на панел-дискусијата е искусната новинарка од МРТВ, Катерина Топалова.

IQ Up образовниот концепт е комбинација од СТЕАМ мултидисциплинарниот пристап на учење, дополнет со литература и програмирање. Во IQ Up се создадени програми во кои преку нови научни авантури на Биби, Боби и новиот лик 10-годишниот Оливер, децата се воведуваат во магичниот свет на науката, технологијата, математиката, уметноста и инженерството.

IQ Up наставата се држи во модерни и иновативно опремени училници, кои се дизајнирани да изгледаат како забавни лаборатории.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот