X
 25.02.2022 Наука

Дали знаете дека може да се изградат цели згради од пластичен отпад?

Дали знаете дека може да се изградат цели згради од пластичен отпад? Ова може да биде нашата иднина благодарение на нова технологија развиена од американската стартап-компанија „Бај фјужн глобал“.

Компанијата смислила начин за рециклирање пластика која не може да биде рециклирана. Имено, од компанијата предлагаат да се користи оваа пластика за производство на големи блокови за градење. Блоковите се прават со метод за набивање кој не вклучува никакви хемикалии, адитиви, лепило или филери. Од компанијата тврдат дека блоковите се неуништливи.


Компанијата добила грант и соработува со програма за рециклирање со помош на која ќе спроведе пилот-програма во Ајдахо за изградба на блоковите. Во рамките на програмата, жителите на градот Бојси ќе може да ги користат блоковите во градежништвото, со тоа користејќи отпад од локална депонија.

Вакви блокови веќе биле искористени за изградба на клупа во градот.



Извор: Futurism
Насловна фотографија: By Fusion
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука