Филмот „
Аватар 2“, кој е во подготовка, се снима со најмодерна технологија која на публиката ќе ѝ овозможи вистинско
3Д-уживање без користење очила.
Ако ви се допадна филмот „Аватар“, режисерот Џејмс Камерон се надева дека со продолжението на сторијата ќе ви приреди убаво изненадување. Неговата продуцентска куќа „Лајтсторм ентертеинмент“ го обнови петгодишниот договор со компанијата „Кристи диџитал“ заради унапредување на
3Д-технологијата во филмски цели.
Како дел од договорот, филмската продуцентска куќа ќе има пристап до системот за проекција
Christie Mirage 4KLH RGB, чија специфика е можност за проекција на 3Д-содржини во резолуција 4К со капацитет на брзина на менување кадри од 120 слики во секунда.
Камерон изјави дека долго време се обидувал да најде начин да се избегне користењето на
3Д-очила за да им обезбеди на гледачите поквалитетно искуство при следењето на филмот.
RGB ласерската проекција работи на принцип на одвојување на црвените, зелените и сините ласери кои продуцираат светлина.
„За да се избришат границите на дигиталното кино, потребни се визионери, соработници-истомисленици, а за нас тоа беа ’Кристи‘. Пред неколку години почнавме со соработка која се покажа како добра, така што задоволен сум со обновувањето на договорот“, истакна Камерон.
Станува збор за истиот систем на проекција кој беше користен и во филмот
Billy Lynn`s Long Halftime Walk на режисерот Анг Ли. Снимањето со брзина од 120 слики во секунда е многу посложено од стандардната брзина од 24 слики, што го прави многу поскапо.
Само шест кина во светот имаат соодветна опрема за прикажување на филмот на Ли во најголема резолуција и со максимална брзина на кадрите, така што се направени и дополнителни верзии од филмот во помали резолуции за да можат да се прикажуваат во другите киносали низ светот.