Во Македонија, директно од Линц, во Битола допатува изложба посветена на австрискиот книжевник Роберт Музил.
Перформансот е адаптиран на македонски јазик, со превод на текстови и аудио станици, изработена во Штифтер хаус во Линц и на тој начин овозможена за прикажување во Македонија, благодарение на Покраинската влада на Горна Австрија и Дирекцијата за култура
Она што е посебно интересно за настанот којшто во Завод и музеј Битола ќе се одрќи на 14 јули 2017 во 12 часот е дека Роберт Музил не е непознато име во македонската библиотечна понуда и книжевна дејност. Имено, во Универзитетската библиотека „Св. Климент Охридски“, придружна членка на УКЛО, како и во австриската библиотека во Битола, има 12 дела на Музил што се дел од богатиот библиотечен фонд, преведени на македонски, српски и секако, на германски јазик. Меѓу поактуелните наслови за читателската публика се насловите : Заблудите на питомецот Терлес, Трите жени, раскази и други дела, додека прекрасниот роман „Човекот без својства“ на заедничка радост на сите е преведен на македонски во едицијата Ѕвездите на светската книжевност.
Уште еден интересен податок за изложбата е дека тежи 1.200 кг. заедно со панелите, 6 аудио и 6 видео станици. Во македонската адаптација учествуваа :Марјан Нечак, во чие студио се снимени аудио станиците на македонски јазик, преведувачот на текстовите , проф.-д-р Петер Рау којшто целосно беше вклучен во јазичната редакција, како и актерот Петар Горко задолжен за интерпретација на текстовите. По прикажувањето на Бит Фест изложбата ќе гостува и ќе биде прикажана во рамки на Охридското лето.
Инаку, комплетната координација на проектот е од Почесниот конзулат на Република Австрија во Битола, а како коорганизатори и поддржувачи на овој несекојдневен настан се уште неколку институции од Битола.