X
 14.07.2017 Живот

Авантуристи и нивните начини да го „свртат“ светот

Пат околу светот! Колку тоа романтично звучи... Сите барем еднаш сме мечтаеле за таква авантура. Но, има луѓе кои сериозно се одлучуваат и тргнуваат да го “превртат светот“. Бидејќи сите ќе се согласиме, пат околу светот воопшто не е едноставна мисија, луѓето смислуваат генијални и понекогаш чудни начини да успеат во тоа.



Меѓу првите најлуди трендови, тотално неромантичен и во исто време возбудлив аранжман, е пат околу светот со карго брод. Тргнувате со карго брод, океј сте со рутата и уживате пловејќи бавно по отворено море 30 до 40 ноќи. Притоа, не ви пречи што на бродот има контејнери со трговски добра и што ве истовараат на карго пристаништа.

Многу подобра варијанта од претходната, Универзитетот во Вирџинија доделува стипендии за студентски семестар на море. Студентите патуваат 3 месеци со брод, слушаат лекции и полагаат испити, додека го обиколуваат светот. Оваа пракса, Универзитетот ја започнал во далечната 1963 година, а некои од предавачите биле имиња како Фидел Кастро, Индира Ганди, Мајка Тереза и Нелсон Мандела.

Пат околу светот на моноцикл. Да, да! Патување што и пред да започне знаете дека нема да се повтори. Ед Прат, е 19 годишен Англичанец кој има за цел да стане првиот човек кој го свртел светот на едно тркало. Во моментов бавно врти педали низ Австралија, а досега има поминато преку 20.000km.



Често превозно средство за кое се одлучуваат авантуристите е велосипедот. Дури и се во постојана трка на уривање на Гинисовиот рекорд и надминување на годишниот рекорд на изминати километри со велосипед околу светот. Овој тренд го започнал Томас Стивенс во 1884 година, тргнувајќи од Сан Франциско со својот велосипед, за да стане првиот човек кој го обиколил светот, пишувајќи за своите авантури и патешествија.

Многу млади се одлучуваат за авто-стоп и самите се изненадени колку далеку успеваат да стигнат, а оние кои повеќе претпочитаат да бидат во облаците – започнуваат кариера како авионски екипаж.

Неодамна, двајца млади тргнаа на пат околу светот со својот Yamaha мотор, без строг план и правец, но со авантуристички дух и ентузијазм што можат да се мерат во тони. Ивана и Ману, по четиригодишно патување со мотор од едниот до другиот крај на светот, својата авантура ја завршија во Скопје. Откако светот слушна за нив и илјадници фанови ги следат на социјалните мрежи, сите се во исчекување на нивните нови рути обележани на мапата. А Ивана и Ману не пропуштаат дa споделат возбудлива фотографија на нивната Instagram страница aroundgaia_travel. Токму нивната авантура беше инспирација за Македонски Телеком да ги вклучи во својата нова роаминг кампања и најновиот телевизиски спот кој е составен од кадри од нивните патувања и доживувања. Тие со радост прифатија да бидат дел од најдобрата мрежа и во роаминг да останат поврзани, каде и да се. https://www.facebook.com/TelekomMK/videos/10155516964930995/

















Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот