Здружението Тиквешки Точакџии од Кавадраци, од 9-ти до 11-ти јуни организираат тродневен настан во недопрените предели на планината Кожув ,со посета и запознавање на мистериозниот
АлШар. Ова е втор по ред отворен фестивал кој го организира здружението, првиот се одржа лани, а траеше два дена. На настанот кој ќе се одржува под мотото
„Допри го Сонцето -Откриј ја тајната за почетокот на светот” може да присуствува секој кој сака и е заинтересиран да рекреира и да се забавува. Целта е велат организаторите престој во природа, дружење, поттикнување на спортскиот дух кај граѓаните. Но и да се извадат младите од дома, да присуствуваат во природа, да ги видат природните убавини на Кожув, да ужуваат во дружењето.
-Централното збиднување ќе биде во село Мрежичко. В петок ќе има настап на културно уметничко друштво „Тиквеш” од Кавадарци. Потоа ќе има тивка музика со група „Чардак”. В сабота е веќе пристигнување на поголем дел од учесниците имаме место за кампирање во камп зона. Според програмата предвидено е целодневна забава со ди џеj во кампинг просторот и некаде околу 11 часот ревијално возење со велосипед по стазите кои се предвидени. Големата планинска велосипедска стаза во должина од 52 км. На крос мотори, џипови. Нема ограничување на возраст, секој кој се чувствува способен да вози велосипед, да планинари. Имаме и планинско трчање, повеќе дисциплини, мала и голема тура да може секој да учествува. Поголемите се за поспреми спортисти, планинари велосипедисти, помалите се за секој што сака барем малку да го почувствува духот на АлШар. Во вечерните часови имаме премиерна проекција на „Време за кавадаречки хумор, време за лакрдиите на Паја”- продукција РТК.МК, настап на Ди Џеј Славе Келешовски и концерт на група “СМОУК ШЕЈКЕРС”. Главните настани се во недела за сите тури во 10 часот. Игор Стефановски-Иџе ќе го отвори настанот , рече
Живко Гурев претседател на „Здружение Тиквешки Точакџии” од Кавадарци.
Минатата година имало околу 270 шатори оваа година од здружението очекуваат повеќе доколку се погоди времето. Мината година на настанот имало присутни од повеќе земји и годинава освен од земјава гости очекуваат од соседна Грција, Србија, Бугарија.
За повеќе информации информирајте се на
ОВОЈ ЛИНК