X
 27.07.2017 Живот

Како да останете смирени за време на турбуленциите во авионот?

Турбуленциите во авионите можат да бидат навистина вознемирувачки и не мора да сте анксиозен патник за да се почувствувате така. Тешко е да се избегнат за време на летањето, но можете да се потрудите да ги издржите.

Едноставно можете да забележите како реагира екипажот на авионот во врска со турбуленциите. Ако тие не се загрижени, тогаш не треба да бидете и вие.

Кога купувате авионски билет, треба да се обидете да земете седиште кое се наоѓа на средината од авионот, ако е можно кај крилата. Турбуленциите помалку се чувствуваат во тој дел.

-    Забава  - секогаш имајте нешто со кое ќе се занимавате во моментот. Книга, филм, музика.
-    Кеса за повраќање – Најверојатно нема да ви треба, но имајте ја за секој случај.
-    Удобни предмети  - ќебе, перниче, омилената блуза или папучи кои ќе ви помогнат да се опуштите.

Кога турбуленциите ќе се појават, исто така е важно да практикувате неколку техники за да се смирите.

-    Вежби за дишење – Обидете се да се фокусирате на дишење така што ќе вдишувате 4 секунди, а ќе издишувате 8 секунди.
-    Намалување на вибрации – Подигнувањето на нозете од подот ќе помогне во намалувањето на вибрациите предизвикани од турбуленциите.
-    Релаксирање – Наместо да се чувствувате тензично, фокусирајте се на опуштање на мускулите.

Потсетете се и дека се случуваат турбуленции и со други возила за транспорт. И со автомобил и со велосипед можете да наидете на препреки, но секогаш чувствуваме поголема сигурност кога сме на земја, иако воздушниот сообраќај е побезбеден.
Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот