Во Холивуд доминира реализмот како филмска форма. Дури и најлудите фантазии и суперхерои изгледаат реалистично, а во филмовите не може да ги видиме камерите или екипите што работат на нив. Малку режисери ја одбегнуваат оваа форма и успеваат да направат популарни филмови, а Вес Андерсон е еден од нив.
Во видеото подолу Томас Флајт објаснува зошто филмовите на Андерсон се разликуваат од филмовите на другите холивудски режисери и како тој успева да ги раскаже своите приказни на тој начин.
Од користење вистинско животинско крзно во „Фантастичниот господин лисец“ до претставување на сцените како приказна, филмовите на Андерсон потсетуваат на епистоларните романи од 19 век, во кои приказната е раскажана како збир од писма.
Извор:
openculture.com
Фото: Принтскрин/Youtube