Книгата на Бил Гејтс - „Како да се избегне климатска катастрофа“ (How to Avoid a Climate Disaster) е број еден на листата со бестселери на „Њујорк тајмс“ и се задржа на тоа место три недели. Гејтс вели дека тоа е сосема солидно за книга за климатските промени.
Тој е оптимист во врска со борбата на човештвото против климатските промени.
- Можете да ме обвините дека генерално сум оптимистична личност - вели тој и го напоменува своето карактеристично минато како личност која го напуштила училиштето и основала успешна технолошка компанија.
Но, климатските промени, односно борбата против нив, не само што е различна туку е и многу потешка.
- Најмногу сум загрижен за политичката волја за решавање на овој проблем - посочува
Гејтс, а тука особено мисли на младите републиканци и нивното високо раководство, кои заостануваат во препознавањето на овој проблем.
Исто така, тој смета дека треба да се донесат долгорочни политички одлуки што ќе ги принудат големите индустрии драматично да инвестираат во сопствената инфраструктура.
Во книгата Гејтс се занимава со негирањето на проблемот со климатските промени во последните две страници од последното поглавје, односно се чини дека тој дури и адекватно не го допрел овој проблем во книгата. Гејтс објаснува зошто.
- На некој начин, цел ми беа луѓето што мислат дека тој проблем е лесен за решавање, а не луѓето што мислат дека тоа воопшто не е проблем. Има четири табори: во првиот велат дека не постои проблем, во вториот велат дека постои проблем, но лесно се решава. Во третиот сметаат дека проблемот не може да се реши и поради тоа треба да продолжиме да живееме со исто темпо. Во четвртиот ме има мене и велам: а) важно е, б) многу тежок проблем е, и в) не е толку тежок да немаме шанси да го решиме - вели Гејтс.
Говорејќи за електричните возила, Гејтс смета дека во наредните 15 години емисиите во сегментот на возила може да достигнат до нула, со оглед на тоа што нивната цена ќе падне, ќе има повеќе станици за полнење и времето на полнење ќе падне на 15 минути.
Во неговата книга тој кратко го споменува и геоинженерингот како решение за климатските промени.
Се согласува дека човештвото веќе заостанува со решавањето на проблемот со климатските промени, но прецизира и дека реакцијата е задоцнета.
- Доцни 20 години. Оваа акција ја видов само преку она што го гледам во Африка, во смисла на тоа колку е тешко земјоделството таму и начинот на размислување, дали навистина треба да се справиме со овие комплексни ограничувања што доаѓаат со климатските промени. Среќен сум што луѓето ме воведоа во овој проблем - вели Гејтс.
Во интервјуто беше прашан и за пандемијата, односно кога мисли дека светот ќе се врати во нормала, со одење на конференции во живо и гледање филмови во кино.
- Оваа есен ќе се чувствуваме многу понормално. Би бил шокиран ако има значителен број училишта кои и понатаму би спроведувале учење на далечина. Сè уште треба да се работи на прифаќањето на вакцините во заедници со ниски примања и кај луѓе со друга боја на кожа. Треба да покажеме дека нашите најпаметни луѓе примаат вакцина и дека таа функционира. Но, дури и ако добиеме повисоко ниво на вакцинација, нема целосно да се вратиме на старо. Во остатокот од светот можеби кон крајот на 2022 година ќе се постигне некое ниво на вакцинирани луѓе. Беа потребни 20 години да пристигнат вакцините во земјите во развој. Ситуацијата сега е подобра, но сепак не е доволно добра - вели Гејтс.
Извор:
Wired.com
Фото:
Instagram