X
 23.07.2017 Образование

Математичарот Никола Велов со бронзен медал од Олимпијадата во Рио


 
Македонските математичари благодарение на Никола Велов се вратија со бронзен медал од 58. Меѓународна олимпијада по математика која оваа година се одржа во Рио де Жанеиро. Од 115 држави, Македонија го освои 65. место. Првите три места ги освоија математичарите од Јужна Кореја, Кина и Виетнам. Инаку, најголем успех имаме постигнато во 1995 година, 31. место во светот, со освоени еден сребрен и три бронзени медали.

Тимот на математичари го сочинуваа Никола Велов, Тамара Митровска, Милан Тасевски, Надежда Илиева, Никола Даневски и Горазд Димитров, предводени од професорите Алекса Малчевски и Даниел Велинов.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование