X
 24.07.2017 Култура

Едноставно и генијално: Првиот бесплатен клима-уред во светот


Бесплатен клима уред од пластични шишиња
(Фото: Youtube screenshot)

Во овој топлотен бран што повторно нè зафати, секој бара начин да се разлади. За таа цел, споделуваме едно генијално решение – бесплатен клима-уред што работи без струја и многу лесно се изработува.

Оваа идеја е авторско дело на жители на земјите од Третиот Свет, каде што милиони живеат без струја, пивка вода и интернет, а летните температури во нивните предели достигнуваат неподносливи 45 Целзиусови степени. Но, овој систем за разладување, откако ќе се постави на прозорците од нивните живеалишта, ја намалува температурата и до 12 степени. 

За изработка се потребни плоча од цврст картон и пластични шишиња. На картонот се прават отвори со големина колку грлото на шишето. Потоа, потребно е на шишињата и на чеповите да им се отсече дното. Штом се постават сите шишиња, картонската плоча се поставува пред прозорците. До разладување доаѓа во истиот момент кога плочата ќе ги покрие отворите од просторијата.

Топлиот воздух влегува во шишињата однадвор, а ладниот влегува во просторијата низ тесниот врат на шишето. Принципот е сличен како кога ќе издишеме топол воздух во рацете, ако устата е ширум отворена – воздухот е топол, ако е затворена, воздухот што го издишуваме ќе биде поладен. Ова едноставно решение може да ја разлади просторијата за повеќе од 12 Целзиусови степени.

За сите што имаат вешти раце и се еколошки освестени, ова е добар начин за рециклирање на пластиката и за разладување на просториите без да се троши многу струја. На видеото во продолжение можете да видите како функционира целиот систем.


Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура