05.08.2015
Живот
Што всушност значат кошмарите кои постојано ги сонуваме?
Кога сонуваме лош сон или кошмар, често пати се случува работите и нештата кои ги сонуваме да се повторуваат што нѐ тера да се запрашаме што всушност тие значат.
Чувството на заробен/заглавен
Кога се чувствувате заробен или заглавен во вашиот сон тоа значи дека чувствувате како да немате контрола над ситуациите во вашиот живот. Кога се случуваат настани кои се надвор од вашата контрола, може да се соочите со вакви кошмари.
Пропуштање на настани или случувања
Доколку во сонот пропуштате важни рокови или настани, ова може да значи дека во реалниот живот премногу сте се умориле или сте оптеретени. Исто така, вакви соништа можат да предизвикаат стравот од неуспех и заборавеноста.
Вашата сакана личност ве напушта
Ако имате кошмари во кои вашата сакана личност ви раскинува, ова може да значи дека чувствувате емоционална напуштеност од вашиот партнер. Иако можеби вашиот партнер не ве напуштил физички во реалниот живот, ова сценарио може лесно да се манифестира во кошмар кога чувствата се присутни.
Неверство
Доколку сонувате дека сте изневерени тоа ја означува несигурноста која ја имате во врската. Можеби сте загрижени затоа што вашата сакана личност ќе ве напушти за некој друг, такашто оваа реалност ја доживувате во кошмарите.
Губење на заби
Губењето на заби на сон може да значи вознемиреност во реалниот живот. Типично, колку сте повознемирени, толку повеќе заби губите.
Смрт
Иако смртта обично се смета за негативно искуство, ова не мора да значи кога ги доживувате во кошмарите. Иако е страшна загубата на некој што го знаете во вашиот сон, всушност во реалноста значи нови почетоци. Овие кошмари може да се симболични за големи промени кои доаѓаат во вашиот живот кои ќе бидат на подобро.
Паѓање
Сите сме го имале оној сон во кој чувствуваме дека паѓаме, со што веднаш се будиме. Ова ја претставува помислата дека губите контрола над нешто во вашиот живот.
Правење испит/тест
За децата, правењето тест во сонот значи вознемиреност за тестот кој доаѓа. За возрасните, типично претставува само-оценување на самите себеси.
Бркање
Ако во сонот некој ве брка, ова може да значи дека се обидувате да избегате од одговорностите со кои се соочувате во реалниот живот. Понекогаш може да ве брка личноста која се обидувате да ја избегнете во реалниот живот или може да биде нешто што претставува нешто друго од кое се обидувате да избегате.
Гол/а во јавност
Доколку сте голи во вашиот сон во ситуација во која се чувствувате непријатно, ова може да значи дека се чувствувате ранливо и расеано во реалниот живот.
Подготвил: Тамара Гроздановски