X
 28.11.2017 Живот

Рајско место крие закана за нуклеарно истекување

На прв поглед ќе помислите дека се работи за уште една дестинација која е одлична за незаборавен одмор од соништата. Сепак, местото има темна историја која сведочи за нуклеарни тестови спроведувани од САД.

фото извор: ABC

Сега, зголемувањето на нивото на морињата и климатските промени се закануваат дека ќе го ослободат високо радиоактивниот плутониум од нуклеарните експлозии што се случувале во 40-тите години на 20 век. Рунит, мал бастион на Маршалските Острови, е опколен со сини лагуни, но мештаните на тоа гледаат како на нулта точка, или „голем споменик на огромната грешка на Американците“.

Масивна бетонска купола стои до огромен кратер од бомби, што содржи тони нуклеарен отпад, а и 400 грутки плутониум. На „Бикини Атол“ биле извршени 23 тестирања на атомски бомби, а на „Еневетак Атол“ уште 40. Лицата што уште живеат на островите се загрижени. Со зголемувањето на нивоата на морињата водата веќе почнува да навлегува во местата каде што се наоѓа нуклеарниот отпад.

фото извор: ABC

САД донирале финансии за да се изврши чистење, но почвата е пропустлива и солената вода веќе навлегла кај отпадот. Куполата била привремено решение додека САД не пронајдат долготраен план. Но, сега во неа има пукнатини, а американската влада не верувала дека ќе дојде до контаминација на водата што ја опкружува.

Жителите стравуваат дека ќе треба да се отселат ако куполата колабира целосно, а истекувањето на нуклеарниот отпад нема да биде опасно само за нив, туку ќе претставува токсичен кошмар за целиот Пацифик. На островите живеат повеќе од 50.000 луѓе.
Подготвил: М.П.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот