Од непознати причини луѓето сакаат да им прикачуваат одредени броеви на работи што најчесто не се докажани. Па кога велат дека една кучешка година е еднаква на седум човечки, тоа едноставно не е вистина. Кучињата се многу покомплексни од тоа.
Има различни теории за тоа колку долго живеат кучињата и за бројот на нивните години. Но, кучињата имаат способност да се размножуваат кога ќе наполнат 1 година, а некои дури живеат и 20 години, па и повеќе. Ако 1 човечка година е еднаква на 7 кучешки, тогаш луѓето би имале бебиња на 7-годишна возраст, а најстариот човек би имал околу 150 години. За работите да бидат уште покомплицирани, сите кучиња го немаат истиот животен век: малите кучиња се сметаат за постари околу 11 години, додека големите раси се сметаат за постари кога ќе наполнат 7 години.
Францускиот истражувач Лебо, во 1953 година, животниот век на луѓето и на кучињата го поделил со одредени животни пресвртници: кога ќе достигнат пубертет, кога ќе достигнат возрасна доба и максимумот на годините колку што ќе живеат. Открил дека кучињата не стареат паралелно со луѓето, односно стареат многу брзо на почетокот, а потоа малку помалку. Неговите пресметки довеле до тоа дека 1-годишно куче е еднакво на 15-годишен човек, 2-годишно куче е еднакво на 24-годишен човек, а потоа секоја следна година е еквивалент на 4 до 5 човечки години. Секако, ова варира во зависност од расата и од тежината на
кучето, но е попрецизна мерка отколку митот за 7 години.
Постојат онлајн-
калкулатори со кои може да откриете колку години има вашето куче.