X
 29.08.2017 Живот

Што им е заедничко на Бил Гејтс и Илон Маск?


Бил Гејтс и Илон Маск
(Фото: Getty images)


Овие двајца милијардери и важни фигури во ИТ-светот ја споделуваат навиката за придржување до дневен распоред кој им помага да се пробиваат низ мноштвото обврски со кои се среќаваат.

Веројатно сте чуле, Бил Гејтс во 1975 година бил коосновач на софтверскиот џин „Мајкрософт“. Бил еден од клучните луѓе заслужни за широко прифаќање на персоналните компјутери на глобално ниво. Сега главно се занимава со филантропска работа.

Илон Маск, меѓу другото, го покренал „Пејпал“. Сега истовремено води две компании: онаа за производство на електричните автомобили „Тесла“ и вселенската компанија „Спејс икс“.

Дали сте се запрашале што им е заедничко? Тоа што однапред го планираат секој момент од денот. Наводно обајцата се придржуваат до распоред поделен на петминутни делови.

Зошто го прават тоа? Затоа што така можат да бидат попродуктивни. А и толку интензивно темпо постојано им врши притисок за одговорност. Нема попладневно спиење: еден час може да им „изеде“ 12 делови од распоредот, пишува „Бизнис инсајдер“.
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот