X
 29.04.2022 Живот

Откако Маск го презеде „Твитер“, исчезнуваат илјадници профили. Што се случува?

Илјадници корисници го напуштаат „Твитер“ откако Илон Маск го купи, но и илјадници му се придружуваат.

Поранешниот американски претседател Барак Обама, кој има најмногу следбеници на „Твитер“ (131,7 милион), изгубил повеќе од 300.000 од нив по веста дека Маск го купил „Твитер“. Пејачката Кејти Пери, трета најследена, изгуби повеќе од 200.000 следбеници. Од „Твитер“ велат дека промените доаѓаат како што било очекувано, поради затворањето на илјадници твитер-профили.

Од друга страна, американските десничари и конзервативните политичари од целиот свет добиваат нови следбеници. Така, Марџори Тејлор Грин доби повеќе од сто илјади нови следбеници за еден ден, додека бразилскиот претседател Жаир Болсонаро доби 90 илјади нови следбеници во еден ден.

Иако „Твитер“ не го кажа точниот број деактивирани или активирани профили, потврди дека ги истражува „неодамнешните флуктуации на бројот на следбеници“.

- Иако продолжуваме да преземаме активности за сметките што ја прекршуваат нашата политика за спам, што може да влијае врз бројот на следбеници, овие флуктуации се чини дека се резултат на зголемениот број нови профили што се креираат и деактивираат - велат од „Твитер“.

Маск сака да ги избрише спам-ботовите и зборува за слободата на говорот на „Твитер“.

- Слободата на говорот е основата на функционалната демократија, а „Твитер“ е дигитален градски центар каде што се дискутираат прашања од витално значење за иднината на човештвото - рече Маск во соопштението за печатот по преземањето.

- Исто така, сакам да го направам „Твитер“ подобар од кога било со подобрување на производот со нови функции, алгоритми отворени за зголемување на довербата, победа на спам-ботовите и проверка на автентичноста на сите луѓе - изјави Маск.

Извор: Index.hr
Фото: Screenshot/YouTube
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот