X
 04.09.2017 Живот

14-годишник стана сопственик на германскиот гигант DM


Купчиња банкноти по 500 евра
(Фото: Pixabay)


Косопственикот на најголемиот синџир на дрогерии во Европа - DM, Гинтер Леман, пред неколку месеци ги пренел своите акции на име на својот син.

Според извештајот на германскиот Wirtschaftswoch, 76-годишниот бизнисмен го пренел најголемиот дел од своите 2,8 милијарди долари на следната генерација, што се гледа од трговскиот регистар.

„Оваа промена нема да влијае врз деловните насоки на компанијата“, истакна шефот на DM, Ерих Харш.

За сите правни прашања на младиот милијардер ќе биде одговорен ревизор. Леман Сениор и понатаму е член на Надзорниот одбор. Меѓутоа, ќе биде потребно извесно време за синот да стекне право на глас во компанијата.

Леман се придружил како партнер на DM во 1974 година, кога основачот Гец Вернер ја отворил својата втора продавница, но му недостигале средства за натамошно проширување. Леман тогаш влегол како акционер во синџирот супермаркети Baden Pfannkuch. За возврат, добил 50 проценти од акциите во компанијата.

Денес DM е најголемиот синџир на веледрогерии во Европа со повеќе од 56.000 вработени и 3.300 продавници.
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот