Кралската банка од Шкотска ги советуваше сите свои клиенти да се подготват за „катаклизмична година“.
Според анализата на оваа банка, главните берзи би можеле да потонат со пад на вредноста за една петина, а цената на нафтата може да падне на дури 16 долари за барел.
„Продајте сè освен квалитетните обврзници. Во преполна сала, излезот секогаш е мал“, изјавува тимот на банката.
Аналитичарите од банката сметаат дека пазарите се однесуваат исто како пред кризата во 2008 година.
„Кина направи многу корекции. Тие имаат многу голем долг со оглед на тоа дека се пазар во развој, а долгот го зголемуваат со неверојатна брзина. Акциите и кредитите станаа многу опасни, а ние дури во последните две години започнавме да се опоравуваме“, вели Ендру Робертс, главен аналитичар во банката.
Робертс предвидува дека европските и акциите на Волстрит ќе паднат за 10-20 отсто годинава, а лондонските индекси ќе потонат уште пониско.
„Нафтата ќе падне на околу 26 долари по барел, за во некој момент да стигне ниво од 16 долари. Нашите прогнози се дека тоа нема да се случи оваа година, но и не е толку далеку. Цената на нафтата ќе падне со падот на глобалната побарувачка и нема да има каде да се складираат залихите“,
додава тој.