Човек кој како дете бил исфрлен од еден од најубавите хотели во Макао, денес е негов сопственик.
Сајмон Сио пораснал во станбена зграда која се наоѓала спроти хотелот „Централ“, кој во тоа време се сметал за најголемото и најдобро место за престој во автономниот град на јужниот брег на Кина.
Првично отворен во 1928 година, хотелот станал центар каде што оделе познати личности, дипломати и други личности од висок профил. Во 60-тите години Сио се прикрадувал и влегувал во хотелот.
Хотелот бил масивен и луксузен, спротивставувајќи се на сè околу него, вклучувајќи ја и старата зграда во која живеел Сио во тоа време. Еден ден, додека си играл во хотелот, персоналот го видел и го избркал.
Фото: Courtesy Lek Hang Group
- Како мал не знаев подобро. Покажав со прст кон хотелот и се заколнав дека еден ден ќе го купам - вели Сио.
Денес Сио го поседува хотелот и неодамна учествуваше на церемонијата на сечење на лентата. 65-годишниот Сио, кој ја основал компанијата „Лек Ханг груп“, компанија за развој на недвижности, успеал да го купи хотелот во 2016 година откако неговите двајца сопственици одлучиле да го продадат. Тој поминал низ долг 7-годишен процес на стекнување, за потоа да стане негов сопственик.
Фото: Courtesy Lek Hang Group
Со оглед на тоа што хотелот бил стар речиси 100 години, Сио многу години го реновирал. Биле потребни структурни подобрувања за подовите. Дополнителен проблем било тоа што хотелот се наоѓа веднаш до знаменитост на УНЕСКО, што значеше дека Сио и неговата компанија не можеле да урнат ниту една градба во негова близина за да го зајакнат. На крајот, неговата компанија се одлучи за сосема нов метод за зацврстување на зградата, бидејќи сите класични начини не биле можни.
Иако се чини дека Сио сонувал да го поседува хотелот уште од неговото детство, тој не го купил од инает поради тоа што му се случило кога бил млад, туку сакал да го зачува историскиот белег на Макао.
Извор:
Themirror.com
Фото: Screenshot/CNNvideo