Матурантите во средното училиште „Сент Огустин“ од Њу Орлеанс имаат многу повеќе причини за славење покрај завршувањето на средното образование. Од училиштето откриле дека сите 100 матуранти биле примени на посакуваниот факултет.
Матурантите ќе студираат на 33 различни факултети. Освен тоа, тие добиле и стипендии во вкупна вредност од 9,2 милиони долари.
Од матурантите, 55 ќе останат во Луизијана, а другите ќе студираат во друга сојузна американска држава.
Извор:
Fox8live
Насловна фотографија: Twitter