X
 14.04.2020 Образование

Кина работи на глобална платформа за универзитетски онлајн-курсеви

Кинеските универзитети и колеџи ќе почнат да нудат курсеви на англиски јазик за студентите низ светот преку нова  меѓународна платформа за онлајн-предавања. Платформата е во изработка, а две веб-страници за онлајн-учење, icourses.cn и next.xuetangx.com, биле првите што се вклучиле во програмата, изјавил Ву Јан, претставник од министерството за образование.


Министерството најави и основање на комитет за промоција на платформата и програмата, додека експертски тим ќе го води функционирањето на платформата.


Фото: Pixabay

- Во текот на над 40 години реформирање и отворање, Кина учеше многу од светот во поглед на развивање на високото образование. Сега сакаме активно да придонесеме за високото образование во светот преку масовни онлајн-предавања - изјавил Ву на прес-конференција.


Платформата е најавена во време кога многу универзитети се принудени да нудат онлајн-предавања како замена за традиционалните предавања во училница поради ширењето на коронавирусот.


Фото: Pixabay

Од 3 април над 950.000 професори од 1.454 универзитети и колеџи во Кина водат 942.000 онлајн-курсеви. Десетици онлајн-курсеви од кинеските универзитети може да се следат и на некоја од глобалните платформи како „Курсера“.

Кинеското министерство за образование планира и да организира конференција за масовни онлајн-курсеви во Пекинг годинава, а предложува и основањето на глобалната алијанса за онлајн-учење со која ќе се промовира глобалното развивање на високото онлајн-образование.

Извор: china.org.cn 
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование