X
 12.09.2017 Култура

Иновативни боенки за деца од денес се продаваат и во Македонија

Од денес во Македонија во продажба се пуштени иновативни боенки кои ги инспирираат децата да започнат да се занимаваат со креативни активности. Станува збор за Смарт боенки, кои може да се користат заедно со специјално дизајнирана апликација која е наменета за смартфони и таблети, преку која оживуваат ликовите од боенката. Апликацијата ја детектира страницата од боенката и на екранот ги прикажува 3D ликовите кои можат да зборуваат, да танцуваат и да кажуваат многу поучни работи!



„Боенките се многу важни за развивањето на креативноста кај децата и уште од рана возраст им нудат можност креативно да се изразат. Но, со појавувањето на дигиталните уреди, децата почнаа да стануваат незаинтересирани за ваквиот начин на изразување. Затоа, ние создадовме мост помеѓу вистинскиот и дигиталниот свет.“ – вели тимот од студенти кој стои зад овој проект во Македонија.

Проектот траеше 3 месеци (јуни, јули и август 2017), а на него работеа студенти од Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“ кои студираат на Факултетот за информатика и Факултетот за економија и организација на претприемништвото. Проектот беше реализиран со помош на издавачката куќа на универзитетот, каде се вршеа сите дизајни.

Проектот е работен по лиценца на руска компанија, која се труди да пронајде иновативни начини да ги поттикне децата да ги користат книгите.

Апликацијата за смартфони и таблети може да се инсталира на Андроид (4.0 или понов), како и на iPhone (4 или понов) и iPad (2 или понов). За да може да се користи апликацијата, потребно е да го внесете кодот за активација кој се наоѓа под грепката на задната корица од боенката. Секоја боенка доаѓа со уникатен код за активација кој е генериран за секој примерок од боенката посебно. Од страна на издавачот се преземени сите мерки за заштита на кодот. Во првиот месец (до 12.10.2017) боенките ќе се продаваат по промотивни цени и ќе бидат достапни за порачување на следнава веб страница https://smartboenki.mk/

.







Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура