X
 17.03.2022 Наука

Најновото видео на НАСА покажува шокантна промена на температурата на Земјата

Иновативната визуализација на климатските промени им го привлече вниманието на интернет-корисниците откако стана вирална на „Редит“ оваа недела.

Повторно споделено во понеделникот на „Редит“, видеото од НАСА интелигентно ги прикажува месечните глобални температурни аномалии помеѓу 1880 и 2021 година.

Графиката првично беше развиена и објавена во 2016 година, но ажурираната верзија беше споделена од НАСА на 7 март. Графиката ги прикажува температурите врз основа на површинска анализа на температурата (GIGSTEMP v4) - процена на глобалната промена на температурата на површината.

Температурата на површината на Земјата во 2020 година била околу 0,98 Целзиусови степени потопла од просекот во 20 век. Глобалната аномалија на температурата на површината може да предизвика зголемување на нивото на морето, намалување на арктичкиот мраз и поголем број катастрофи поврзани со временските услови, вклучувајќи бури, поплави и суши.

Визуализацијата беше дизајнирана од професорот Ед Хокинс од Националниот центар за атмосферска наука на Универзитетот во Ридинг во Обединетото Кралство.

Спиралата покажува дека глобалните температури се зголемуваат и дека оваа промена е особено брза во последните децении. Знаеме дека оваа промена на климата се должи на луѓето, главно преку согорувањето на фосилните горива. Нашите глобални избори за тоа колку брзо ќе ги намалиме емисиите на стакленички гасови во текот на следните години ќе одредат каде ќе оди спиралата понатаму - изјави Хокинс.

Кога станува збор за предизвикот за ефективно комуницирање со климатските промени, анимираната климатска спирала на Хокинс комбинира податоци собирани со децении и историски набљудувани промени со едноставна и ефективна графика која одекнува кај широката публика. Оригиналната верзија стана вирална во 2016 година, а беше искористена дури и на отворањето на Олимпијадата во Рио таа година.

- Причините зошто сега графиката е повторно популарна се исти како порано. Анимираната природа на графиката раскажува приказна за тоа како се менуваат температурите со визуелно изненадување на крајот - вели тој.

Минатата недела НАСА предупреди дека одмрзнувањето на вечниот мраз може да ги ослободи микроорганизмите заробени илјадници години и може да има сериозни последици врз луѓето.



Извор: Newsweek.com
Фото: Screenshot/YouTube
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука