X
 07.10.2017 Култура

Рекордна конкуренција за Оскар за странски филм

Американската Академија за филмска уметност и наука објавила дека оваа година за Оскар во категоријата најдобар странски филм, конкурирале 92 земји, што е најголем број на кандидати до сега.


Во конкуренцијата спаѓаат српскиот претставник „Реквием за госпоѓа Ј“ на Бојан Вулетиќ, „Квадрат“ на Рубен Остлунд од Шведска, „На душа и тело“ од Илидко Енједи од Унгарија, како и филмот на Анџелина Џоли „Прво го убија татко ми“, што ја претставува Камбоџа.

Од познатите автори тука се и Лукреција Мартел од Аргентина со филмот „Зама“, Михаел Ханеке од Австрија со „Среќен крај“, Рашид Бушареб од Алжир со „Пат за Истанбул“, Себастијан Леило од Чиле со „Фантастична жена“ и Ален Гомис од Сенегал со „Фелисите“. Андреј Звјагинчев е рускиот кандидат со драмата „Без љубов“, а Агњешка Хпланд е претставник на Полска со крими драмата „Животниски траг“.

Италија ја претставува Џонас Карпињан со „А Киамбра“ за романската заедница во Камбрија, „120 отчукувања во минута“ на Робин Капми е претставник на Франција, а семејната драма „Лето 1993“ доаѓа од Шпанија.

Македонија годинава нема свој кандидат за Оскар. Кандидат од соседна Бугарија е „Слава“, а од Косово „Непосакуван“ од Едон Ризнаволи – приказна за осамено момче кое живее во Амстердам со мајка му, додека боите на Словенија ги брани филмот „Рудар“ на Хана Слак за босански имигрант во словенија кој пронаоѓа докази за егзекуциите после Втората светска војна.

Како што е познато од порано, хрватски кандидат е „Не гледај во мојата чинија“ на Хана Јушиќ, а од Босна „Мажите не плачат“ на Ален Дрљевиќ.

Оваа година свои кандидати за прв пат имаат 6 земји: Хаити („Ајити Мон Амур“), Хондурас („Моразан“), Лаос ( „Најдрага сестро“), Мозамбик („Возот од сол и шеќер“(, Сенегал („Фелисите“) и Сирија („Малиот Ганди“).
Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура