„На почеток беше Зборот“ гласи воведната реченица од Светото писмо што сигурно сте ја чуле многупати досега, иако никогаш не сте ја отвориле „Библијата“. Веруваме дека сте запознаени со следните цитати од овие
десет романи, кои на маестрален начин отвораат некои од најдобрите дела на светската книжевност.
1. „Сите среќни семејства личат едно на друго, секое несреќно семејство е несреќно на свој начин.“ ~
Лев Толстој, Ана Каренина
2. „Беше ведар и студен априлски ден; на часовниците отчукуваше тринаесет.“
~ Џорџ Орвел, 1984
3. „Денес почина мајка ми. Или можеби вчера. Не знам.“
~ Албер Ками,
Странецот
4. „Општопознат e фактот дека на богат неоженет човек му е неопходна жена.“ ~
Џејн Остин, Гордост и предрасудa
5. „Ако навистина ве интересира сето ова, најверојатно прво ќе сакате да дознаете каде сум роден, какво било моето глупаво детство, што работеле моите во животот
пред да ме добијат мене и уште еден куп такви глупости ала Дејвид Коперфилд, но не сум баш расположен да се впуштам во тие работи.“ ~
Џером Дејвид Селинџер, Игра во 'ржта
6. „Кога Грегор Самса едно утро се разбуди од немирните соништа, се здогледа себеси во постелата претворен во огромна бубачка.“ ~
Франц Кафка, Преобразба
7. „Сите деца, освен едно, растат.“ ~
Џејмс Метју Бари, Петар Пан
8. „Јас сум болен човек... Лош човек.“ ~
Фјодор Достоевски, Записи од подземјето
9. „Лолита, светлината на мојот живот, огнот во моите препони. Мојот грев, мојата душа. Лолита: врвот на јазикот поминува пат од три степени низ непцето за на третиот да чукне во забите. Ло. Ли. Та.“ ~
Владимир Набоков, Лолита
10. „Тоа беа најдобрите времиња, тоа беа најлошите времиња, тоа беше време на мудроста, тоа беше време на лудоста, тоа беше епоха на верата, тоа беше епоха на неверба, тоа беше доба на Светлината, тоа беше доба на Темнината, тоа беше пролет полна со надеж, тоа беше зима полна со очај, имавме сè пред нас, имавме ништо пред нас, сите одевме директно во рајот, сите одевме директно на другата страна.“ ~
Чарлс Дикенс, Приказна за два града