X
 22.03.2017 Култура

Новиот лик во „Улицата Сезам“ е девојче со аутизам


Маскота
(Фото: Youtube screenshot)

Името ѝ е Јулија и на почетокот на април ќе се појави во светски познатата детска куклена серија „Улицата Сеазм“. Црвенокосата Јулија нема да се разделува од своето омилено кадифено зајаче, а нејзината особеност е што има аутизам. На овој начин ТВ куќите HBO и PBS, со продуцентите на „Улицата Сезам“ сакаат да ги запознаат децата како заедно да си играат со своите врсници со аутизам.

Нивната намера е да им го приближат светот на аустичните деца за да се разбираат едни со други, да им го олеснат дружењето и интеграцијата во општеството. Со влегувањето на Јулија во „Улицата Сезам“, конечно и децата со аутизам ќе имаат лик со кој ќе можат да се поистоветуваат. Претставувањето на ликот на Јулија беше најавено уште во 2015 година, за да се помогне во отстранувањето на стигмата од овој тип заболување.  Во првата епизода, Јулија се сретнува со Големата Птица, при што доживува некој вид на помал проблем.

Во присуство на заедничките пријатели Еби и Алмо, Јулија се пристегнува при запознавањето со новото другарче, и не сака да се ракува со него, па добродушната жолта птица се растажува, мислејќи дека не ѝ се допаѓа на Јулија. Но набрзо сè доаѓа на свое место, кога Елмо ѝ објаснува на Големата Птица дека Јулија има аутизам и дека „едноставно некои работи ги прави на поинаков начин“.

Кристина Фераро објасни со какви предизвици се сретнале при воведувањето на Јулија:

„Не беше лесно, затоа што аутизмот не е една константа, туку различно се манифестира кај секое лице со аутизам. Постои изрека дека ако си сретнал едно лице со аутизам, тогаш навистина си сретнал само едно такво лице“. Затоа авторите на серијата интензивно се советувале со организации кои им пружаат поддршка на семејствата со аутистични деца.

Кукларката кој управува со Јулија, Стејси Гордон, е одбрана меѓу другото и затоа што и самата има дете со аутизам, па е добар познавач на таквата состојба. Јулија постепено се воведува во емисијата, поточно на образовен начин, и затоа во првата епизода се обработува нејзиното запознавање со Големата Птица, нејзината пречувствителност на гласни звуци и нејзината лесна возбудливост во текот на играњето.
„Доколку другарчињата на мојот син беа запознаени со ова на ваков начин, преку ТВ серија... би знаеле дека мојот син си игра на поинаков начин и би знаеле дека тоа е сосема во ред“, изјави Стејси Гордон.
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура