X
 08.11.2021 Живот

Италијански автомобил класик случајно стана заштитен знак на еден град

Анџело Фреголен првпат го паркирал својот модел „ланчија фулвија“ од 1962 година пред редакција со која управувала неговата сопруга Бертило Модоло, во градот Конељано во 70-тите години. Зборувајќи за новинарите во публикацијата на „Ил Газетино“, сега 94-годишниот маж рече:

- Кога го отворив мојот дуќан, бев пресреќен што пред него беше паркиран модел „ланчија фулвија“, особено што во багажникот на автомобилот можеше да се сместат десетина весници.

Меѓутоа, кога сопружниците се пензионирале, го оставиле својот миленик пред редакцијата и на крајот тој станал вистинска туристичка атракција. Посетителите на овој град се фотографираат пред напуштено возило, кое станува сè попознат сегмент од градскиот инвентар, со фотографии кои кружат на социјалните мрежи.

Но, по речиси пет децении поминати на едно место, градските власти минатиот месец го отстранија автомобилот и го префрлија во музејот „Auto e Moto d'Epoca Motorshow“ во Падова, каде што е изложен покрај десетици други класични модели.

2
Фото: Google Maps

- Историјата на моделот „фулвија“ е позната во целиот свет и таа едноставно не може да се игнорира - рече Џовани Бартон, кој работи во секторот за продажба на моторни возила и го претставува претседателот на клубот за класични автомобили „Серенисима“ во Конељано.

- Токму затоа добив идеја да го префрлам овој автомобил во музејот, каде што можеме да му се восхитуваме на вистински начин. Потоа беше префрлен во работилница лоцирана во Виченца, каде што ќе се отстранат оштетувањата предизвикани од природни влијанија во претходните 47 години и ќе биде подложено на внимателна и целосна реставрација - додаде тој.

2
Фото: Google Maps

Кога ќе заврши процесот на реставрација, автомобилот ќе биде поставен пред локалното училиште, веднаш до куќата на Ангела и Бертило, што значи дека сите посетители ќе можат да се восхитуваат на неговата убавина и историска вредност.

Извор: 24sedam.rs
Фото: Google Maps
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот