X
 30.03.2022 Живот

Во Македонија живеат 1.836.713 граѓани, 58,44 % се Македонци, 24,3 % се Албанци

Населението во Македонија изнесува 1.836.713 граѓани, додека бројот на нерезидентното население е 260.606 лица, од оние што се опфатени со пописот, соопшти денеска директорот на Државниот завод за статистика, Апостол Симовски.

- Од резидентното население, 58,44 % се Македонци, а 24,3 % се Албанци. Од вкупниот број попишани граѓани, резидентни и нерезидентни, Македонци се 54,21 %, Албанци, 29,52 %, 3,98 % Турци, 1,18 % се изјасниле како Срби, 0,87 % се Бошњаци, а 0,34 % се Власи - информира Симовски. 

Попишани се вкупно 2.097.319 лица, а од административни извори биле преземени податоци за 132.260 граѓани, велат првите официјални резултати од пописот кој беше спроведен во септември 2021 година.
Тагови:

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот