Фото: Adobe Stock
Квантните точки, кои во моментов се користат на место на органските бои во различни експерименти, со користење на фотоелектроника за следење на начините на кои лековите и другите молекули се движат низ телото, може да имаат нова поттикнувачка улога во здравството. Научниците создале квантни точки наночестички што произведуваат хемикалии кои можат да ги направат бактериите поранливи на антибиотици. Научниците се надеваат дека ова ќе биде чекор напред во борбата против патогени отпорни на лекови.
Во истражувањето спроведено неодамна, антибиотиците потпомогнати од експерименталните квантни точки биле 1.000 пати поефикасни во борбата против бактериите од самите антибиотици. Квантните точки што се користеле биле со дијаметар од 3 нанометри. Точките биле направени од кадмиум телурид, стабилно кристално соединение што често се користи во фотоволтаиците. Електроните на квантните точки реагираат на зеленото светло на одредена фреквенција, предизвикувајќи тие да се поврзат со молекули на кислород во телото и да се форира супероксид. Бактериите што ја апсорбираат супстанцијата не се во можност да ги заштитат антибиотиците бидејќи нивната внатрешна хемија не одржува рамнотежа.
Тимот што го спроведувал истражувањето измешал различни количества на квантни точки во различни концентрации на секој од пет антибиотици за да се создаде опсег на примероци за тестирање. Овие тест-примероци ги додал на пет вида бактерии отпорни на лекови. Во 480 тестови со различни квантни точки/антибиотици/комбинации на бактерии, повеќе од 75 отсто од примероците со квантни точки успеале да го запрат бактерискиот раст или да ги убијат бактериите целосно со помали дози на антибиотици.
Фото: Science
Според СЗО, отпорноста на антибиотиците е меѓу најсериозните закани за безбедноста во светот. Може да влијае врз која било личност, каде било, а од инфекции како гонореја, пневмонија и туберкулоза кои некогаш биле едноставни за лекување, денес станува сè потешко човек се ги излекува токму поради отпорноста кон антибиотиците. Освен очигледните ризици за здравјето, па дури и смртност, отпорноста на антибиотиците исто така предизвикува повисоки медицински трошоци и подолг престој во болниците. Иако одредено ниво на отпорност на антибиотиците се јавува природно, бидејќи бактериите се адаптираат за да преживеат, злоупотребата на антибиотици кај животните и луѓето драстично го забрзува овој процес.
Истражувачите работат на различни техники за надминување на овој предизвик. Некои користат „CRISPR“ што директно ги напаѓа бактериите, додека други бараат одговори со проучување на начините на кои мравките се борат против штетните габи. Во меѓувреме, научниците го бараат генетичкото потекло на отпорноста на антибиотиците, а некои дури и ги проучуваат начините на кои бактериите се однесуваат во вселената.
Едно ограничување на употребата на
квантните точки на ова истражување е светлината што го активира процесот; мора да дојде од некаде и може да зрачи преку неколку милиметри месо. Засега овие квантни точки навистина би биле корисни само за површинските проблеми. Сепак, тимот работи на развивање на наночестички што апсорбираат инфрацрвена светлина, бидејќи таа може да мине низ телото и може да се користи за третирање на коскени и длабоки ткивни инфекции.