X
 20.06.2016 Наука

Науачниците откриле начин за користење на бактериите како хард диск

Компјутерите сe' повеќе наликуваат на живите суштества, а сега се чини дека и живите суштества наликуваат повеќе на компјутерите. Ново истражување покажува метод за чување кодови во живи бактерии, кои потоа може да бидат пренесени на следната генерација како генетска информација.


Новата процедура овозможува успешно чување на 100 бајти податоци во бактеријата E. coli, но научниците велат дека има потенцијал да се чува повеќе податоци. Сето ова е овозможено од „CRISPR-Cas“. Уредот веќе понуди нови начини на пишување ДНК сегменти, а сега истражувачите од „Харвард“ успеале да го искористат процесот за менување на гените со помош на уредот за да напишан код.

Кога бактеријата открива вирус, таа го сече и става дел од ДНК-та на вирусот во сопствениот геном, за да може да го препознае во иднина. Овие информации се пренесуваат со генерации, што им помага на организмите да изградат имунитет на одредени вируси.

Во кодот би можело да се чува сешто, од песна до компјутерска програма. Методот е основан на претходно истражување за чување на податоци во ДНК, но овде научниците имале предизвик да го изведат тоа во жива клетка со природни процеси.

Сет Шипман, водечкиот истражувач, изјавува дека тие сакале „да видат дали може да ги искористат природните методи за да напишат директно во геномот на клетката на бактеријата, за да се копира и множи во секоја следна генерација“.

Постојат потенцијални проблеми во процесот. На пример, сите бактерии можеби нема да ги примаат податоците.

Но, Шипман смета дека ќе се напредува. Некои клетки имаат простор за податоци од 3.000 бајти, а постои и потенцијал за специјална генетски дизајнирана бактерија која би функционирала како хард диск.

Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука