X
 25.12.2016 Технологија

Што криминалците можат да направат после хакирање на вашиот меил?

Дел од корисниците на кои им е хакиран меилот, често пати мислат дека не постои простор за загрижување и паника бидејќи информациите што се наоѓаат на нивниот меил ништо не им значат на хакерите од Азија или Русија.

Меѓутоа, безбедносните експерти предупредуваат дека овие податоци може да се искористат за бројни понатамошни измами, напади, па дури и кражба на пари од банкарски сметки.

„Кога хакер ќе ви го хакне меилот, неговите можности се неограничени“, вели Омри Илуз, извршен директор на безбедносната компанија „PerimeterX“, после неодамнешната вест за повеќе од милијарда загрозени сметки на „Yahoo“.

Тој вели дека во повеќето случаи хакерите не ги интересира содржината на меилот, туку податоците поврзани со тој меил како што е корисничкот име и лозинката, обидувајќи се да ја искористи за ресетирање на лозинките на другите сметки кои се поврзани со онлајн идентитетот на корисникот, со што се обидува да дојде до информации за банкарските сметки, лозинките за онлајн купување и слично.

Така, криминалците на други профили и сервиси можат да пристапат така што ќе кликнат на опцијата на заборавена лозинка која ќе ја добијат на меил (до кој имаат пристап) и тогаш без проблем ќе влезат на тие сметки/сервиси. Омри особено предупредува - кога еднаш сајбер криминалците ќе пристапат до вашиот меил или друга сметка, тие делуваат толку брзо што корисниците не ни забележуваат дека нешто се случува со нивниот меил и во рок од само еден час може да ги испразнат банкарските сметки, да порачаат предмети преку онлајн купување или да се обидат да ги нападнат пријателите испраќајќи им вируси или малвер преку социјалните мрежи.

Освен што можат да ги искористат украдените податоци, тие често ги продаваат на форумите на црната веб страна на интернетот, така што други корисници ќе ги искористат вашите податоци во нападите. Една од причината поради која хакерите се особено успешни во нападите на меиловите се невнимателните корисници кои често истата лозинка ја користат за повеќе профили/сметки. Омри вели дека некои истражувања покажале дека луѓето просечно користат само шест лозинки за севкупниот онлајн идентитет, а за секој меил или друга сметка, треба да употребуваат различна лозинка.

Исто така, корисниците треба да бидат внимателни кога ги отвораат меиловите и се советуваат никогаш да не отвораат сомнителни меилови бидејќи на тој начин хакерите можат да инсталираат малвер на компјутерот на корисникот и тогаш да имаат пристап до сите информации од компјутерот, па да украдат фотографии и важни документи, да го заклучат и да бараат пари, да инсталираат програма која ќе следи што пишува корисникот и на тој начин да дојде до лозинките што ги користи. 
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија