X
 27.10.2017 Здравје

Симптомот на депресија што често се занемарува

Студија открива друг симптом на депресија што често се занемарува. Се работи за неможноста да се направи разлика помеѓу негативните емоции како вина, лутина и фрустрација.


Од учесниците во студијата било побарано да известуваат за своите емоции на случајни интервали во период од една недела. Половината од нив имале клиничка депресија. Експертите сметаат дека е тешко да се подобри животот доколку не знаете дали сте тажни или лути за одредена состојба. Учесниците имале задача да ги измерат своите чувства во 11 различни емоции, од кои 7 се негативни.

-    Тага
-    Анксиозност
-    Лутина
-    Фрустрација
-    Срам
-    Одвратност
-    Вина

Се открило дека учесниците што имаат клиничка депресија имаат тешкотија да ги разликуваат емоциите што ги чувствуваат, за разлика од луѓето што не патат од депресија и биле појасни на оваа задача. Позитивните емоции биле:

-    Среќа
-    Возбуда
-    Свесност
-    Активност

Студијата покажала дека и депресивните и учесниците што немале депресија можеле да направат разлика помеѓу овие емоции.

Се заклучува дека е позитивно за самата индивидуа кога ги специфицира негативните емоции, а можеби е најдобро да се избегнува размислувањето за тоа дали се чувствуваме генерално лошо или незадоволно. Потребна е спецификација – дали е лутина, срам, вина или некоја друга емоција? Експертите сметаат дека ова може да помогне за подобрување на животот. Немањето способност за правење разлика меѓу негативните емоции може да доведе и до проблеми при одредувањето на третманот.
Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје