Исто како нас, и фламингата сакаат да се собираат и да поминуваат време со своите пријатели во јатото, а ново истражување ги објаснува критериумите според кои ги избираат.
Истражувачите од Универзитетот во Ексетер откриле дека тие ги избираат своите најдобри пријатели врз основа на тоа колку личат на нив.
- Нашата цел беше да откриеме дали индивидуалните карактеристики на личноста влијаат врз формирањето пријателства меѓу овие птици. Како и луѓето, и фламингата имаат различни улоги во општеството врз основа на нивните карактерни особини - вели Пол Роуз, еколог од Центарот за истражување на однесувањето на животните.
Фиола Мекали објаснува дека агресивните животни се докажуваат преку конфликти и тепачки во стадото, додека помирните животни го пронаоѓаат својот пат на поинаков начин. Сличните особини одиграле клучна улога во создавањето пријателства.
- На пример, похрабрите птици имаат посилна врска со другите храбри птици, додека оние покорните имаат тенденција да се дружат со други покорни фламинга - вели Роуз.
Причината за ваквото однесување лежи во фактот што на овој начин, птиците си обезбедуваат поддршка една на друга при конфликти кои се случуваат во јатото.
Фото: Freepik
Подолг живот - посилни пријателства
Истражување од 2020 година покажало дека овие долговечни животни формираат интензивни пријателства кои може да траат со години. Сепак, овие социјални врски стануваат поинтензивни напролет, кога почнува сезоната на парење. Забележано е дека дури и птиците со лоша здравствена состојба продолжуваат да одржуваат блиски социјални контакти.
Сепак, новите наоди не само што помагаат подобро да се разбере општествениот живот на дивите фламинга, туку и да се обезбеди подобро разбирање во комплицираното однесување на овие птици во заробеништво.
- Нашите резултати бараат понатамошна истрага за да ни помогне да ја разбереме еволуцијата на социјалното однесување, како и да ја подобриме благосостојбата на животните во зоолошките градини - вели Роуз.
Извор:
National Geographic
Фото: Freepik