X
 29.10.2017 Технологија

„Фејсбук“ ќе ги проверува сите огласи на платформата

Компанијата „Фејсбук“ соопштила дека огласувањето на друштвената мрежа, ќе го направи транспарентно и ќе ги проверува огласите, посебно политичките и изборни огласи.


Социјалната мрежа сака јасно да знае кој ги плаќа политичките огласи, а одлуката е соопштена пред сведочењето пред Конгресот за наводно руско мешање во претседателските избори во САД. Претставниците на компанијата истакнале дека ќе ги проверуваат и купувачите на политички реклами на федералните избори.

На социјалната мрежа ќе биде поставен графикон на кој корисниците ќе можат да кликнат и да дознаат кој го платил политичкиот оглас.

Фејсбук“ ќе ја зголеми транспаренстноста на сите рекламни содржини, не само политичките, за корисниците полесно да можат да утврдат кој стои позади нив.
Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија