На веб-страницата на една од белградските агенции за недвижности излезе бизарен оглас во кој се продава „стан“ од 8 квадрати без бања. Имено, за да одите во сопствената бања, треба да поминете низ ходникот и да се спуштите еден кат подолу.
За цена од „само“ 3.750 евра по квадрат, односно 30.000 евра, ќе го добиете овој „луксуз“, односно просторија во која некогаш живееле домарите на оваа зграда.
Фото: Screenshot/Halooglasi
Извор и фотографија:
Facebook