Станува збор за парични субвенции што компаниите им ги исплаќаат на своите работници, коишто потоа тие трошоци ги одбиваат од данокот. По истиот принцип, граѓаните можат од данокот да си ги одбијат трошоците за сервис или купувања поврзани со велосипедот и неговото одржување.
Минатата година оваа „
бенефиција“ ја искористиле околу 406.000 Белгијци, а државата ја чинело околу 93 милиони евра. Пред пет години, бројот на корисници бил 30% понизок, односно, севкупно околу 314.000 вработени, пишува Brussels Times.
Финансиската поткрепа не е единствената работа што ги тера Белгијците да се возат со велосипед на работа. Државата има огромен проблем со сообраќајните јазли, па Здружението на велосипедисти покренало разни акции со кои би ги поттикнале луѓето да користат велосипед како превозно средство.
Освен што сè повеќе луѓе се превезуваат со велосипед на работа, забележан е и тренд на пораст на километражата. Пред пет години една личност годишно во просек поминувала 944 километри, а минатата година станале 1.045 километри.
„Велосипедскиот надоместок“ би можел да биде и прилично висок. На пример, ако вработениот живее на 15 километри оддалеченост од компанијата, ако работи 210 дена во годината и добива максимален надоместок од 0,22 евра по километар, би примил годишна компензација од 1.385 евра.