X
 15.11.2017 Култура

Firefunding For AKSC2

Колумна на Марија Грубор

Седнете.
Ќе се напиете нешто?
Еве, поддржете го линков додека се вратам со водата:
https://www.firefund.net/aksc-skopje



Еве ме назад.

Ах, да, имаме уште 25 дена до завршувањето на crowdfunding кампањата.

Тешко е од своите дома да добиеш поддршка во земјава недопатена, а понекогаш токму тоа е најтешкото.

Епа, баш сосема случајно, имам едночинка од една кобна вечер на која Коприва Колектив имаа некој од катаљардите конститутивни состаноци околу идејата АКСЦ.

Here we go (again)…

--

И сеа, за шо го праиме воа уште еднаш? За у записник де.

*

Састанак околу будучности новосоздадената Коприва Колектив и АКСЦ2
Учесници:
АТ2, AD, Мара, Filis, Марија & Бор,
сосе отворените им куфери
а кофер ко кофер.

*



АТ2:
да поддржиме уметност
ги продужуеме сите поетски читања од АКСЦ
праиме дискусии шо инаку не би се случиле никад
праиме аукција на ајвар (Мара ќе го праи ајварот – Бор ќе тури бормашина – за у записник!)
праиме работилници со сите вештини кои ги имаме тука, секој со своја експертиза доаѓа
се надевам дека свирки ќе може да се праат!
и ќе може да преспиваат луѓе од страна
ќе поддржиме независни уметници – дури би сакала и да можат да ги продаваат своите дела во просторот (ама да оставаат дел од заработката во донации ако може)
вежбање – body work!



Ние ко колектив да напнеме да идеме по средни школи за да држиме работилници за родова обука, феминизам, критичко образование како идеја – basic course, уште размислуваме на темава, не е доработена... ... него, јазици да се предаваат.
и издаваштво, сопствено!
сѐ што ќе продуцираме ко „рекламен материјал“ (беџови, маици, итн...), ние сами да си ги произведеме и да ги продаваме као за донации...
да работиме околу подобрување на врската со себе... преку физичкото да влезеш во себе... таму ми е фокусот, тоа сакам да го работам.
луѓето не се свесни за своето тело... ! толку, сеа за сеа.



AD:
свирки, промоции, место кај шо ќе може да преспиваат бендови шо идат од надвор
кујна, да има да си напраиш јадење
фарма за медицински канабис
(Мара:Абе шо ви е на вас, нормални ли сте?)
дискусии за зависници од дрога, работилници, нешто како обид за социјална рехабилитација, башка настани поврзани со едукација за затворски услови во Македонија.

Filis:
ако ни е добар подот, за танчери да го отвориме да вежбаат, да се спремаат за натпревари, да не мора ние танчерите да ги молиме училштата за саат-два да ни отстапат простор да вежбаме (Х особ: да се оставаат донации за тоа, ама препорачани... извинете ама мора да бидеме самоодржливи...)
[следи долга дискусија околу вредности]
да организираме нешто за децата од домот за деца без родители
или барем да имаат простор каде да се опуштат и да видат нешто ново
соби за спиење и за гостите од странство и за луѓето од АКСЦ2 кои доаѓаат од уџум
е, него, сакам да држам настан за реторика, како за манипулација на луѓето преку говори, ова можам со една моја професорка, таа е многу заинтересирана околу ова... реклами, маркетинг, всушност сите начини преку кои луѓето можат да се убедат во нешто...
[следи долга дискусија околу манипулација]



Мара:
народна кујна или - - кујна за бездомници барем 2 пати неделно!
(Филис: Као Ретвитни оброк a?
Мара: Не, као Храна, не оружјe.)
ама притоа да можеме да ги вклучиме бездомниците во секојдневниот живот на просторот,
значи не само да ги храниме и да им даеме место за спиење, туку да им помогнеме-да-се-оспособат за самостоен живот...
часови за странски јазици. pozdrav.

Бор:
екологија – обновливи извори на енергија.
ако веќе има центар сакам да биде off-grid скроз,
на пример да ги искористиме сите сончеви денови кои ги имаме во земјава,
башка производство на храна ако иаме простор некаде во близина, може и нешто indoors да се напраи нешто, одгледување органска храна...
производство на масло беспари за болни од рак!
(Мара: Абе нормални ли сте вие?)
технолошки и технички развој – работилници за тоа...
дерфор, како може технологијата да се искористи за прогрес на човештвото!
активности на Онкологија, таму е катастрофа, немаат парацетамол – те праќаат до аптека... а на болните најмногу им треба муабет! значи некако да ги ангажираме и анимираме, јас имам искуство со ова.
да се направи кратка брошура за како да се справиш со рак... Марија може психолошки да го обработи, и ќе викнеме лекари да го кажат своето... зашто околу оваа болест постои конфузија од информации... и особено околу алтернативната медицина – што функционира а што не, оти некои луѓе ги имаат соголено до коска за лекови што не функционираат...
значи прирачник за како да му се помогне на болен од рак, прирачник и за болниот и за оние најблиските нему.... до крајните, гадните работи од кои се плашат и никој не сака да ги слуша.
сообраќајна култура – едукација, работилници одредени (он си знае), за млади шофери-почетници, за деца, одговорност на пешак, за велосипедисти...
уствари, особено за поранливите категории на учесници во сообраќајот.
колективната кујна исто би ја поддржал целосно, а па со наши производи да е, ќе биде најјако.



(АT2: еве ја имаме и Добра Земја, да најдеме купувачи на органска храна шо сакаат да поддржат независни органски фармери, а и во Добра Земја целиот остаток од храната се донира... значи може да оди за нас, како донација на храна)

(Мара: јас инсистирам за луѓето шо немаат храна да им се праат обраци два-три пати неделно... X: од пазар шо останува, исто ко Храна не оружје шо правеа... X: Абе од локални продавнички исто може да направиме договор да ни ја отстапат храната шо инаку би ја фрлиле...)

... абе, и за GMO работилница да се напраи! (Епа за ова со Биле на муабет).

The End
Записничар: Марија


Марија Грубор е дипломиран психолог, поетеса, прозаистка, колумнистка и фотографка. Дипломирала на Институтот за психологија во Скопје, а потоа се запишува на постдипломски студии на Институтот за општествени и хуманистички науки со намера да ги продлабочува знаењата и искуствата од критичките теории. Има објавувано песни, есеи, написи и колумни во повеќе печатени и дигитални списанија, блогови и портали, а учествувала на две фотографски изложби во Скопје и една во Белград.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура