X
 17.11.2017 Живот

Фотографии од катастрофалните поплави во Атина

поплави

Бројот на жртвите од големите поплави во грчкиот главен град Атина достигна 16, известува министерството за внатрешни работи.

Повеќе од 20 лица се повредени, а едно лице се води како исчезнато во катастрофалната поплава што локалните медиуми ја опишуваат како „библиска“.

Поплавата почнала вчераутро и оттогаш бројот на жртви постојано расте. Во предградијата на Атина, Неа Парамос, Мандра и Мегара, по непрекинати дождови во текот на ноќта, утрото ги дочекала ужасна глетка - кал и ѓубре низ улиците.

Голем број луѓе останале без покрив над главата, а во погодените области била прогласена вонредна состојба.

„Ова се тешки моменти за Грција. Преживуваме огромна катастрофа“, изјави грчкиот премиер во обраќање до јавноста.

„Сакам да изразам длабока тага, искрено сочувство до семејствата на жртвите“, додаде тој.

ГАЛЕРИЈА
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот