X
 17.01.2020 Наука

По два месеца од поплавите, каналите во Венеција се речиси суви

Нискиот прилив ги остави каналите во Венеција речиси суви, по само два месеца од силните поплави поради кои голем дел од италијанскиот град беше поплавен.

Но, сега нивото на водата драстично се намали. Каналите повеќе личат на ровови со кал, а движењето низ градот стана проблем за многумина.

Во ноември Венеција го доживеа највисокото ниво на вода во период од 50 години. Како што велат експертите, тоа е резултат на климатските промени.

Повеќе од две третини од градот беа под вода, при што градоначалникот процени штета од над милијарда евра.

Беа поплавени знаменитости како плоштадот „Св. Марк“, додека продавниците мораа да се затворат.

Ваков прилив не е нешто непознато. Нивото на водата може да варира за околу половина метар, а понекогаш и повеќе.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука