X
 30.06.2020 Живот

Една од најчудните туристички атракции во светот: Ѕирнете во катедралата на ѓубрето

Повеќе од 30 години еден жител на Остин, Тексас, собира отпад и гради џиновска скулптура во својот двор. Позната како „Катедрала на ѓубрето“, локалната атракција е толку популарна што тука се организираат и прослави.

Винс Хенеман почнал да го гради дворецот од ѓубре во своите дваесетти години и се проценува дека градбата содржи околу 60 тони отпад, вклучувајќи велосипеди, цедиња и друго. Рамките на структурата се исполнети со различни предмети, од боци и кујнски прибор до делови од косилки за треви и електрични уреди. Поголемиот дел тешко се препознаваат, а структурата е опишана како „организиран неред“.

Објектот има неколку нивоа, сводови и „Соба на престолот“. Се чини дека некои делови од катедралата имаат одредена тема, додека другите сегменти се направени од едноставно хаотично спојување на различни остатоци од отпадот.

Оваа „градба“ постојано се менува. Ханеман често додава и отстранува предмети од својот објект.



View this post on Instagram

pull up a chair, we have much to discuss

A post shared by Maddy Kuhn (@oh.my.gourds) on



Извор: Nationalgeographic.rs
Фото: Instagram
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот