X
 22.11.2017 Економија

Компанијата што вреди повеќе од „Фејсбук“

kompanija

Кинескиот технолошки гигант „Тенсент“, чиј бизнис опфаќа и социјални мрежи и видеоигри, достигна пазарна вредност од 531 милијарда долари, со што го надмина и глобално популарниот „Фејсбук“.

Компанијата не е многу позната надвор од Кина, но на домашниот пазар е најпрепознатлива по апликацијата за бесплатни повици и испраќање мултимедијална содржина „ВиЧет“, кој исто така бележи значаен раст како платформа за плаќање.

Акциите на берзата во Хонг Конг оваа година двојно ја зголемија својата вредност, а приходите ги надминаа нивните очекувања.

„Тенсент“ инвестира значителни средства во индиската платформа „Ола“, која минатиот месец објави дека собрала вкупно 1,1 милијарда долари свеж капитал за проширување на бизнисот. Освен „Тенсент“, меѓу позначајните инвеститори е и јапонската банка „Софтбанк“.

Претседателот на управата на „Тенсент“, Мартин Лау, во таа пригода изјави дека со инвестирањето во „Ола“ неговата компанија ќе стане дел од брзорастечкиот сектор во Индија.

Со вредност од 531 милијарда долари, „Тенсент“ моментално е една од петте најпрестижни компании на глобално ниво, надминувајќи ја „Фејсбук“, чија вредност се проценува на 519 милијарди долари. Сепак, оваа компанија не успеа да ја надмине „Епл“, чија вредност изнесува 873 милијарди долари.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Економија