X
 17.10.2018 Живот

Научници: Климатските промени ќе предизвикаат недостиг на пиво

Зачестените топлотни удари и суши предизвикани од климатските промени ќе го намалат приносот на јачмен, а со тоа и производство на пиво, објавија научници.

Јачменот е многу подложен на суша и жештина, а неговото производство ќе се намали ако продолжат климатските промени, што ќе предизвика недостиг на пиво и зголемување на цените, се вели во студија објавена во „Нејчр плантс“.

- Целта на оваа студија не е да ги поттикне луѓето да пијат повеќе денес. Ако не сакаме да се случи ова, ако сè уште сакате да имате пиво, единствениот начин е да работиме заедно за да се бориме против климатските промени - рече Дабо Гуан, професор по економија на Универзитетот „Источна Англија“ во Норвич.

Само јачменот со најдобар квалитет (помалку од 20 проценти од вкупното глобално производство) се користи за пиво. Со останатиот дел се храни добитокот.

Ако глобалното затоплување продолжи со ова темпо, екстремни жештини и суша ќе ги зафатат регионите каде што се одгледува јачменот. Ова ќе доведе до пад на производството на пиво за 16 проценти. Поради тоа, цените двојно ќе се зголемат, стои во студијата.

Извор: МИА

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот