X
 24.11.2017 Технологија

Најважните технологии за 2018 година

виртуелна
Фото: Shutterstock

Технолошкиот сектор е во подем, така што искусуваме иновации кои менуваат многу работи - од автовозила до виртуелна реалност.

Се разбира, голем дел од овие случувања се на самиот почеток, што значи дека ова е момент за сите амбициозни индивидуалци што сакаат да бидат дел од оваа област.

Ова се петте најважни нови технологии, така што добро би било да започнете да ги истражувате:

1. Виртуелна реалност

1

Виртуелната реалност е присутна уште од 60-тите, но неодамна стана главна атракција во технолошкиот сектор бидејќи сè поголем број компании го истражуваат својот потенцијал за футуристичка забава.

Затоа, сега е најдобриот момент да научите да кодирате за виртуелната реалност.

Со овој комплетен пакет можете да имате пристап до повеќе од 13 часа обука, со што ќе можете да создавате сопствени проекти користејќи го „Unity“.

Целиот пакет можете да го добиете за 34 $ ТУКА.

2. Машинско учење

2

Машинското учење е студија за препознавање модели и предвидување во областа на компјутерската наука и главно е одговорна за сè што е поврзано со автономните автомобили и технологијата за препознавање говор, како Сири.

Затоа, не треба да ве изненадува фактот што експертите во оваа област се во многу барани. Доколку сакате да земате убава плата, тогаш дефинитивно треба да започнете да посетувате курс што ќе ви даде одлична обука.

Овој курс нуди повеќе од 60 часа обука. Курсот можете да го добиете за 39$ ТУКА.

3. Етичко хакирање

3

Сите што се онлајн се изложени на ризик да бидат хакирани, а компаниите се особено погодени од злонамерните компјутерски криминалци, поради што многумина ја преземаат безбедноста во свои раце.

Така, на пример, „Фејсбук“ им исплати повеќе од 5 милиони американски долари на етичките хакери што откриле и пријавиле слабости. Ако сакате да работите во оваа област, тогаш дефинитивно треба да посетите курс и да се усовршите.

Осумте курса во продолжение можете да ги добиете за само 50$ ТУКА.

4. „Blockchain“ технологија

4

Најчесто поврзана со биткоин, оваа технологија им овозможува на девелоперите да создадат децентрализирани апликации кои се безбедни и транспарентни на интернет - што е одлично за криптовалути како биткоин.

Целосниот курс „Ethereum Blockchain Mastery Bundle“ ќе ве прошета низ сето она што треба да го знаете за да ги искористите придобивките на оваа технологија.

Овој курс можете да го добиете за 22$ ТУКА.

5. Интернет на нештата

1

Интернет на нештата е идејата за суштинско поврзување на кој било уред со интернетот.

Raspberry Pi Mastery Bundle“ ќе ви покаже како да бидете успешни во ова ново поле преку создавање сопствени поврзани робот-проекти и целосно функционални уреди за домашна автоматизација.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија