Заштитни маски со филтер за активен јаглен од вчера утро скоро и да нема во Скопје. Откако вчера утрото падна дебела магла во Скопје, аптеките беа буквално испразнети. Тук-таму останаа маски со активен јаглен, но за еднократна употреба.
- Вчера во 11 часот бев во неколку аптеки. Маски немаше никаде ни за деца, ни за возрасни. Сите биле купени утрото. Рекоа дека ќе донесат нови, но не прецизираа кога – вели Марија М. од Карпош.
Слична ситуација беше во населбата Кисела Вода. Немаше маски со активен јаглен кој с еменува. Имаше само за еднократна употреба. За деца, немаше маски.