X
 25.11.2021 Живот

Не може да се фокусирате на работа? Можеби причината е загадувањето на воздухот

Истражувачите откриле дека дури и краткото изложување на загаден воздух влијае врз работата на мозокот и способноста за работа.

Новото истражување покажува дека загадениот воздух ги оштетува когнитивните функции кај возрасните, вели Андреа Ла Науз од Економскиот факултет при Универзитетот на Квинсленд.

Таа открива дека во трудот е направена анализа на податоци од игри за вежбање на мозокот за да се оцени влијанието на загадениот воздух врз возрасните жители на САД. Игрите се фокусираат на помнење, вербални вештини, внимание, флексибилност, математички вештини, брзина и решавање проблеми.


Фото: Pixabay

Било откриено дека лицата што се изложени на умерено високи нивоа на фини честички помали или еднакви на 2,5 микрометри имале речиси 6 поени помалку во игрите на скала до 100 поени.

- Впрочем, доколку имате помалку од 30 години и сте изложени на ова ниво на загадување, вашите когнитивни функции ослабуваат на исто ниво како и стареењето 15 години - вели Ла Науз.

Когнитивните функции се вештини кои ги користиме за процесирање, чување и користење информации и се клучни за сите активности, објаснува Андреа.

Според резултатите од истражувањето, влијанието на загадениот воздух е најголемо кај лицата помлади од 50 години.

Извор: World Economic Forum
Фото: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот