Пештерите Јунганга, кинеското светско наследство на УНЕСКО, се спектакуларна атракција која привлекува огромен број туристи. Сепак, фокусот на оваа знаменитост деновиве се должи на некои други причини.
Видеозаписот кој неодамна бил споделен на различни кинески вести и социјалните медиуми, покажува тајмери поставени над кабините во женскиот тоалет, при што секоја кабина има свој дигитален бројач. Кога кабината е слободна, пикселираниот ЛЕД екран го прикажува зборот „празно“ во зелена боја. Ако се користи, го покажува бројот на минути и секунди кога вратата е заклучена.
Еден вработен истакнал дека тајмерите биле поставени за да се справат со зголемувањето на бројот на посетители на атракцијата.
-Тие не се таму за да контролираат колку долго можете да го користите тоалетот. Нема шанси некого да исфрлиме од тоалетот, ниту временско ограничување не е поставено - рекол тој.
Државниот весник „Нанчанг вечерни вести“, наведува дека броилата се во функција од 1 мај годинава и првенствено се безбедносна мерка која „обезбедува благосостојба на сите гости“.
Оваа вест предизвика бројни дискусии на кинеските социјални мрежи. Некои корисници на кинеската социјална мрежа „Веибо“ го поддржале овој потег, но други биле против.
-Зошто не ги трошат парите за изградба на повеќе тоалети? - рекол еден корисник на „Веибо“.
Противниците сметаат дека ова е уште еден пример за прекумерен упад на владата во приватниот живот на луѓето. Но, има и такви кои веруваат дека посетителите главно поминуваат премногу долго во јавен тоалет, зјапајќи во своите мобилни телефони и читајќи вести или скролувајќи низ социјалните мрежи.
Извор: n1info.hr
Фото: Freepik