X
 05.01.2018 Здравје

Симптоми што треба да ги очекувате кога ќе престанете да пушите

cigari
Фото: Reuters

Иако сите знаат дека цигарите се лоши за здравјето, кога ќе одлучат да престанат да пушат, нема да биде лесно.

За сите оние што одлучиле да престанат да пушат во новата година, еве со што ќе се соочат.

Неколку часа по оваа одлука никотинот ќе почне да ја напушта крвта и ќе ви фалат цигарите. Ова ќе се случи во првите осум часа по последната цигара.

Еден ден по откажувањето на цигарите


Ова е врв на непријатноста и стресот. По 24 часа симптомите на криза се на највисоко ниво. Можно е да се потите, а преку потењето ќе излачувате никотин.

Два-три дена по откажувањето на цигарите

Ако досега не сте запалиле цигара, во вашето тело веројатно повеќе нема никотин. Сетилата за вкус и за мирис ќе почнат да закрепнуваат, па овој период храната би ви била повкусна.

Недела дена по откажувањето на цигарите


Добри вести - најлошото помина! Многу пушачи веројатно ќе почнат да кашлаат бидејќи белите дробови почнуваат да се чистат.

Две недели по откажувањето на цигарите


Циркулацијата станува подобра и станува иста каква што имаат непушачите. Се обновуваат забите и непцата.

Месец дена по откажувањето на цигарите


Досега сите симптоми на криза како непријатност, несоница и блага депресија треба да бидат исчезнати.

По два месеца

Ризикот од срцев удар се намалува, а функцијата на белите дробови се подобрува.

По три месеци

Ако планирате да почнете да вежбате во сала, ова е вистински момент бидејќи по три месеци од последната цигара ќе ви биде полесно да вежбате.

Половина година од откажувањето на цигарите

Белодробните меури се обновени, но вашите бели дробови никогаш нема да бидат како на непушачите.

По пет години ризикот од дијабетес е ист како кај непушачите, а десет години од откажувањето на цигарите ризикот од смрт предизвикан од рак на белите дробови е половина од оној кај пушачите.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје