X
 26.12.2017 Технологија

Технологии што ќе го променат светот во 2018 година

До крајот на годината има уште многу малку, а веќе многумина се прашуваат што ќе ни донесе 2018 година, барем кога е во прашање светот на технологијата. Во продолжение прочитајте ги петте технолошки трендови што ќе ја обележат следната година:


1. Сигурност и „ GDPR“

Сигурноста и регулативата се големи теми кои се продолжуваат и веројатно секогаш ќе бидат актуелни, додека во основата на целата приказна е уште еден тренд кој не се менува – собирањето податоци. Распознавањето лица што го практикуваат во Кина достигнало завидно ниво во фаќањето на криминалците и упатува на тоа дека имаат силен софтвер кој може истовремено да собира големи количини податоци.

„Гугл“ знае сè за нас. Паметните телефони се сè поголем извор на податоци, а сега е прашање дали ќе купите кинески и податоците ќе им ги испраќате на Кинезите или на оние во Силиконската долина. Популарно наречената GDPR или Регулатива за заштита на личните податоци, која ја воведува ЕУ, би требало да ни даде контрола над управувањето, или барем сознание за тоа кој сè управува со нив. Бидејќи стапува во сила на 25 мај, цела година ќе биде обележана со темите кој, што и кога смее, бидејќи уште постојат низа непознати работи.

2. Вештачка интелигенција

Кога се работи за новитети на полето на вештачката интелигенција, секако во фокус ќе биде машинското учење. Неодамна во медиумите беше објавено како софтвер победил досега најдобра програма во шах. Она што е важно да се знае е дека победената програма била направена на база на хевристички модел и во него е вметната низа на податоци, додека програмата со вештачка интелигенција го направи тоа со интуицијата што ја стекнала. За само 4 часа успеа да ги совлада сите вештини на шахот врз основа на достапните податоци.

Во фаза на напредок се и автономните возила. Неверојатни се работите што ги прават „Убер“, „Лифт“, „Гугл“. Се гледа напредок и во сферата на препознавање лица, но има и недостатоци. Поради комплексноста на невронските мрежи, има и пропусти. Така е направена програма која требало да ја измами програмата за препознавање слики и беше успешна.

3. Блокчејн-технологија

Криптовалутите го обележаа крајот на оваа година, а покрај нив често се споменува и блокчејн-технологијата. Во нејзината основа е да се гарантира дека секоја трансакција ќе биде забележана и шифрирана, но и кога било да може да се провери патот на таа трансакција.

4. Интернет-работи

Интернет-работите што се однесуваат на тоа дека секоја работа е или треба да биде паметна, односно да има вграден сензор или цели низ кои мери, сугерира или развива, и сè повеќе се загрева. Идните генерации сигурно ќе сакаат сето она што го поседуваат да биде паметно, но тука се враќаме на сигурноста и регулативата. Поради тоа, таа тема секако и понатаму е актуелна и несомнено дека ќе има понатамошни дебати за новите можности. 

5. Зголемена/виртуелна реалност

Виртуелната реалност се обидува да продре во „мејстримот“ веќе неколку години. Уште е далеку од тоа. Веројатно зголемената реалност ќе биде поуспешна, но еднакво е тешко да се каже дали тоа ќе биде следната година. „Меџик Лип“, компанија која собрала неверојатни инвестиции, а со години не претставила производ, би можела повторно да биде во фокусот. Медиумите знаат да ја споменуваат бидејќи е прилично мистериозна.
Подготвил: М.П.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија